• Sat. Dec 4th, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

Премиерот на Естонија поднесува оставка поради истрага за корупција

ByPortal Plus

Jan 13, 2021
premierot na estonija podnese ostavka

Естонскиот премиер Јури Ратас објави оставка, бидејќи неговата Партија е под истрага за корупција поврзана со компанија за недвижнини.

„Денес донесов одлука да се повлечам од функцијата премиер“, напиша Ратас, кој е претседател на таа партија, во пораката објавена на Фејсбук по неколкучасовна средба.

Неговата оставка доведува до пад на централно-десничарската коалициска влада, во која има и една крајно десничарска партија. Сепак, веројатно нема нови избори.

Претседателот Керсти Каjулаид има 14 дена да назначи нов премиер, кој потоа треба да биде одобрен од парламентот.

Ратас рече дека се надева оти неговата оставка ќе придонесе за расветлување на сите околности на истрагата за корупција, но тој истакна дека не донел никаква злонамерна или намерно лоша одлука.

Истрагата е насочена кон компанијата за недвижнини Порто Франко, која доби голем заем од државата и склучи профитабилен договор со властите на главниот град Талин, чиј градоначалник е исто така член на партијата на Ратас. Таткото на сопственикот на компанијата, бизнисменот Хилар Тедер, донираше значителни суми за партијата Центар.

„Како премиер, не чувствував во случајот на Порто Франко дека некој министер или партија се обиделе незаконски да влијаат врз владините одлуки“, рече Ратас.

Меѓу другите осомничени во истрагата за корупција е и Керсти Крахт, советник на министерот за финансии Мартин Хелм од екстремно десничарската партија ЕКРЕ.

Оставката на Ратас може да го запре планот за одржување контроверзен референдум за хомосексуални бракови, што коалицијата имаше намера да го одржи на пролет.

Извор – https://rs.n1info.com/svet/premijer-estonije-podnosi-ostavku-zbog-istrage-o-korupciji/