• Sat. Jul 31st, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

Мануел Ноер беше прогласен за најдобар голман за 2020 година

ByPortal Plus

Dec 5, 2020
manuel noer

Мануел Ноер е најдобар голман за 2020 година според рангирањето на ЕСПН. 34-годишниот голман одигра уште една силна сезона пред портите на Баерн (Минхен), освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите, Бундеслигата и Купот на Германија.

Тој имаше многу клучни одбрани во текот на сезоната, но најнезаборавните беа во финалето на Лигата на шампионите кога одбрани два пати од Нејмар. Оваа година, капитенот на Баварците го забележа својот натпревар број 200 за клубот без примен гол.

На второто место се најде минатогодишниот победник, Алисон Бекер од Ливерпул, а третото беше голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Еве ги најдобрите десет голмани за 2020 година според ЕСПН:

  1. Мануел Ноер (Баерн)
  2. Алисон Бекер (Ливерпул)
  3. Јан Облак (Атлетико Мадрид)
  4. Марк-Андре тер Штеген (Барселона)
  5. Тибо Куртоа (Реал Мадрид)
  6. Едерсон (Манчестер Сити)
  7. Кејлор Навас (ПСG)
  8. Џанлујџи Донарума (Милан)
  9. Самир Хандановиќ (Интер)
  10. Давид Де Хеа (Манчестер Јунајтед)

Извор – https://www.sportal.bg/news.php?news=876217