• Fri. Sep 17th, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

Средба на министерот Спасовски со директорот на МАРРИ , Сашко Коцев

ByPortal Plus

Jan 21, 2021
Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работен состанок со Директорот на Регионалниот Центар на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци – МАРРИ,  Сашко Коцев.
Министерот Спасовски изрази задоволство што Република Северна Македонија раководи со МАРРИ и што овој Центар прераснува во вистинска контакт точка за регионот на Западен Балкан за областите кои што ги опфаќа мандатот на самата Иницијатива, со уверување дека поддршката што Министерството за внатрешни работи му ја дава на овој  Центар ќе продолжи и во иднина.
Директорот Коцев ја искористи можноста да се заблагодари за континуитетот на поддршката на МАРРИ, а воедно информираше дека е започнат процес на реформи на организацијата чија цел е таа да биде пофункционална. Во овој контекст формирана е Заедничка база на преведувачи во областа на азилот и миграциите, Регионална платформа за размена на миграциски статистики на Западен Балкан и воспоставена е  соработка со ЕАСО во чии рамки МАРРИ ќе стане центар за обука во областа на азилот и миграциите.
Извор – https://mvr.gov.mk/vest/14386