• Sat. Oct 23rd, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

Силен земјотрес во Егејското Море, нема жртви и материјална штета

zemjotres vo grcija

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Егејското Море, а нема жртви и материјална штета.

Институтот за геодинамика во Атина изјави дека епицентарот бил во морето, на 46 километри југозападно од островот Лезбос.

Земјотресот бил во 7,46 часот, по локално време, и следеле два послаби земјотреси.

Грција е земјотресна зона, но сериозни штети и жртви во тие земјотреси се ретки.

Извор – https://rs.n1info.com/svet/snazan-zemljotres-u-egejskom-moru-nema-zrtava-ni-materijalne-stete/