• Fri. Sep 17th, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 800 ИЛЈАДИ ДОЗИ ОД ФАЈЗЕР, 5.850 СТИГААТ ВО ФЕВРУАРИ

ByPortal Plus

Jan 5, 2021
vakcini fajzer vo mk

Република Северена Македонија ќе добие 800 000 вакцини против КОВИД-19 од производителот Фајзер. Министерот за здравство д-р Венко Филипче,  во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година.

Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата производител на вакцини против КОВИД-19.

Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголемо количество во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.

Нашата земја навремено почна со подготвоките за вакцинација против КОВИД-19 и постојната функционална и одлично поставена здравствена инфраструктура, каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, тие во нашата земја ќе пристигнат месецов. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Изјава на Филипче од ФБ:

“Првите 5850 дози вакцини од „Фајзер” ќе стигнат во февруари, во март треба да стигнат уште 17 550 и најмалку уште толку во април. Чекаме датум кога ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот. Покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата. Први ќе се вакцинираат здравствените работници, повозрасните лица и хроничните болни, а потоа сите граѓани. Вакцината ќе биде бесплатна за сите.”

Извор – http://zdravstvo.gov.mk/severna-makedonija-dobiva-800-iljadi-dozi-od-fajzer-5-850-stigaat-vo-fevruari/