• Fri. Sep 17th, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

Северна Македонија доби потврда од Фајзер, првите дози од вакцината во февруари

ByPortal Plus

Dec 31, 2020
вакцини во мк

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне е постигнат директен договор со компанијата а количина ќе биде позната во текот на следните недели.

Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини.

Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Министерството информира дека во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Извор – https://koronavirus.gov.mk/vesti/219747