• Sat. Oct 23rd, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

Претреси во кумановско, пронајдени 15 килограми дрога

ByPortal Plus

Feb 1, 2021
droga vo kumanovsko

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опадни материи, во координација со Одделот за специјални операции, по преземени заеднички координирани мерки и активности, ги лиши од слобода А.С.(28) од с.Романовце, кумановско, Д.Ц.(30) и Д.И.(29), двајцата од Куманово, поради постоeње основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија со дрога.

Имено, по издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Куманово за претрес во дом и други простории, денеска е извршен претрес во домот на А.С. во с.Романовце, при што во помошна просторија се пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои има околу 15 килограми наркотична дрога марихуана. На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. кои, исто така, се лишени од слобода и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови.

Од страна на СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против две лица, поради постеоње основи на сомнение дека го сториле кривичното дело предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Извор – https://mvr.gov.mk/vest/14512