• Fri. Sep 17th, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

Панел проект ,,Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“

ByPortal Plus

Jan 21, 2021

“Факт е дека кога говориме за детските права, тие секогаш имплицираат обврски и должности за државата. Во таа насока Владата на Република Северна Македонија прави сериозни заложби за заштита на правата на децата во правосудниот систем, вклучувајќи го и потпишувањето на формалната заложба за пристапување кон Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата. Со ставање крај на насилството врз децата нашата цел е секое дете да се чувствува безбедно дома, на училиште и во заедницата“.

Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на Панелот посветен на отпочнувањето на проектот – “Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“, што се одржа во “Куќата на Европа“ во Скопје, а чие што проектно реализирање финансиски е поддржано од ЕУ и УНИЦЕФ.

Говорејќи за улогата на полицијата во системот на институционална заштита на правата на децата, министерот Спасовски потнцираше дека – “полицијата има должност и обврска на сите деца во ризик, како и деца жртви на кривични дела да им пружи посебна заштита и поддршка и со нив да постапува со посебно внимание“ во согласност со нивните права“.

“Неспорно е дека првиот контакт што детето ќе го оствари со полициските службеници ќе остави долготраен личен белег. Затоа е многу важен односот на полициските службеници кон детето, кој треба да се заснова на правичност и почит кон него, а како императив се наметнува прифаќањето и доследната примена на водечките принципи на правда за децата“, нагласи Спасовски.

Исто така, министерот Спасовски потенцираше дека заедничка обврска на сите релевантни институции е превентивно да се делува, да се ориентираат децата кон темелните вредности со помош на сите расположливи средства и институции, да се заштитат од негативни влијанија, со цел тие да се изградат како личности, ориентирани кон вистинските вредности и дистанцирани од девијантните појави.

“Концептот на правда за деца вклучува поголем број институции, стручни лица и организации од граѓанското општество, кои преку меѓусебна соработка ќе обезбедат задоволување на најдобрите интереси на детето, што секако ќе придонесе и за зголемување на довербата на децата во институционалниот систем“, рече Спасовски притоа апострофирајќи ја превенцијата на детското престапништво, како една од најзначајните активности што не смее да биде запоставена. Имено – како што истакна министерот Спасовски – “репресивното постапување на полицијата, како легален и легитимен одговор, согласно законските надлежности и полициските овластувања, е извонредно значајно, но успешната превенција претставува најсилно средство за проактивност и рана реакција на општеството во отстранување на причините кои водат до криминалитет“.– нагласи министерот Спасовски.

Извор – https://mvr.gov.mk/vest/14368