• Sat. Dec 4th, 2021

Portal Plus

Портал за Вести

Бугарската потпретседателка се сомнева дека спорот со Скопје ќе биде решен оваа година

ByPortal Plus

Dec 3, 2020
Бугарската потпретседателка

Бугарската потпретседателка Илиана Јотова се сомнева дека прашањето за почеток на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе бидат решени до крајот на германското претседавање на 31 декември. Јотова рече дека прашањето за проширување мора да се види во контекст на поширока дебата за иднината на ЕУ.

Според Јотова, Бугарија е најдобриот лобист кога станува збор за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

“Сепак, имаме нерешени прашања со Северна Македонија. Нашата грешка е што не успеавме да им ја објасниме нашата национална позиција на нашите европски партнери”, рече Јотова.

Бугарскиот официјален претставник рече дека во разговор со белгискиот амбасадор во Бугарија, Фредерик Морис, кој е дипломатски претставник на Белгија во Северна Македонија, Албанија и Косово.

Бугарија е против почетокот на пристапните преговори со Скопје поради непочитување на Договорот за пријателство, добрососедски односи и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, потпишан во 2017 година.

Договорот предвидува формирање на комисија составена од научници од обете земји кои ќе работат на усогласување на заедничката историја.

Историчарите од комисијата се согласија за средновековната историја, но сè уште не се согласија за борбата за ослободување од Отоманската империја, особено поради спорот за националниот идентитет на Гоца Делчев, кога обете земји го сметаат за свој национален херој.

Софија и Скопје се расправаат и за македонскиот јазик. Бугарија не го признава јазикот на Северна Македонија како македонски, но инсистира на тоа дека тој е регионален дијалект на бугарскиот јазик.

На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на 17-ти ноември, Софија не поддржа нацрт-рамка за преговори за северна Македонија, блокирајќи го почетокот на разговорите за членство на Скопје во ЕУ.

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов пред неколку дена рече дека Северна Македонија треба да направи план за признавање на заедничка историја, препишување учебници и борба против говорот на омраза.

 

Извор: EURACTIV.bg, https://euractiv.rs/7-eu-i-zapadni-balkan/36-vesti/15664-bugarska-potpredsednica-sumnja-da-e-spor-sa-skopljem-biti-reen-ove-godine

Фото: Evropska komisija